| четврток, 6 декември 2018 |

Што треба да направи жената по секс

се
1. Одете во тоалет, но само ако навистина имате потреба за мокрење

Со сигурност сте слушнале дека одењето во тоалет веднаш после сексот може да помогне во спречување на уринарни инфекции, бидејќи урината ја отстранува бактеријата ешерихија коли која што можеби во текот на сексот тргнала во вашиот мочен канал. Според мислењето на лекарите, ова е само мит, бидејќи не постојат истражувања кои што го докажале овој факт. Според тоа, ако немате потреба за мокрење веднаш после односот, не трчајте во бањата бидејќи чекањето од дваесетина минути или подолго, нема да го зголеми ризикот од уринарни инфекции. Наместо тоа, останете во постелата и следете го следниот совет.
2. Вратете го филмот и потсетете се што всушност се случило, во себе… а потоа и на глас

Преживејте ги во својата глава случувањата кои што туку што се случиле, и тоа од почетокот па до самиот крај. Ако сексот бил добар, обидете се да се присетите што е тоа што направило да биде толку добар, а потоа кажете му и на партнерот кои нешта ви се допаднале најмногу. Тоа е најдобар момент за да разговарате, кога впечатоците се сè уште свежи, но ако сексот сепак не бил најдобар, подобро би било за тоа да разговарате подоцна. Уште едно нешто кое ќе му помогне на вашиот сексуален живот е апсолутната размена на нежности и мазења после сексот, а бројни студии покажа дека паровите кои што го практикуваат тоа имаат поквалитетна врска и повеќе уживаат во сексот.

3. Забележете кое чувство на болка ви годи, а кое сепак не

Понекогаш чувствуваме болка во текот на сексот, а таквите непријатности се предизвикани од сувоста на вагината или пак може да бидат предизвикани од констипација или грчеви на мускулите. Причина за тоа може да биде ако партнерот ве удри во еден од јајниците, кои што пак се посебно зголемени во текот на овулацијата. Сепак, болката при секој сексуален однос не е нормална појава, особено ако чувството на болка трае неколку часа и во тој случај најдобро е да побарате лекарски совет бидејќи може да биде знак за сериозни проблеми, како на пример цисти на јајниците, фиброиди или многу ретко, канцер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top