Викторија Лопирева, поранешната мис на Русија е избрана за амбасадорка на Светското првенство во фудбал, кое ќе се одржи во Русија 2018 година.
Русокосата Викторија, една од најубавите Русинки, е родена во Ростов на Дон во 1983 година. По професија е актерка, манекенка и телевизиска водителка.
Пред 12 години е прогласена за мис на Русија, а во 2008 година учествуваше во руската верзија на „Преживеан“.
Организаторите на Светското првенство во Русија тврдат дека таа многу добро го познава фудбалот.
Колку ја познава амбасадорската работа, барем кога се во прашање амбасадорите на спортот, допрва следува да дознаеме!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.