Двократната олимписка шампионка во скок со стап, Јелена Исинбаева, најави дека би можела да се врати на тартанот за Олимписките игри во Рио 2016 година.
Таа истакна дека Олимписките игри се единственото натпреварување на кое таа влегува премногу мотивирана и дека сака да биде дел од нив.
– Олимписките игри се магично натпреварување. Ако не беа тие, можеби немаше да му се вратам на спортот. Таму има конкуренција која ме мотивира, посебно во Бразил. Сакам да бидам дел од нив и да се борам за златниот медал – вели Исинбаева.
Руската атлетичарка имаше пауза од две години поради принова во семејството и веќе половина година е во тренажен процес со цел да се врати во врвна форма и да продолжи да ги урива рекордите и да освојува медали.
За време на кариерата, 30-годишната Исинбаева дури седумнаесетпати го уриваше светскиот рекорд, а моментно ги држи двата рекорда, и на отворено и во сала. Во 2012 година во Стокхолм таа прескокна 5,01 метри, а на првенството во Цирих 5,06 метри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.