| четврток, 6 декември 2018 |

Луѓето во целиот свет јадат кора од банана: Тие знаат една работа која ние не ја знаеме

Сигурно не сте виделе некој да јаде кора од банана, бидејќи сме навикнале да ја јадеме само благата внатрешност, а кората ја фрламе. Меѓутоа, во Индија со години наназад се јаде кората од бананата. Додека внатрешноста на бананата е мека и блага, кората е тврда и помалку горка, па е разбирливо зошто не ја јадеме. Меѓутоа, со неа фрламе и важни хранливи состојки.

78183_1bananae

 

Кората од банана е богата со витамините Б6 и Б12, како и со магнезиум и со калиум. Внатрешноста на бананата исто така ги содржи овие елементи, но во помало количество.

Еве колку нутриенти содржи една банана во однос на дневните потреби на нашиот организам:

-Дванаесет отсто дневна потреба за влакна, кои му  потпомагаат на варењето и го намалуваат ризикот од дијабетес.

-Седумнаесет отсто дневна потреба за витаминот Ц, кој е важен фактор во одржување на имунитетот.

-Дваесет отсто дневна потреба за витаминот Б6, кој му помага на организмот да ја претвори храната во енергија.

-Дванаесет отсто дневна потреба за калиум, кој е важен за развој на новите ќелии во целиот организам.

-Осум отсто дневна потреба за магнезиум, кој е важен за регулација на глукозата и на крвниот притисок.

Кората од банана е потенка и мека колку  што е бананата позрела, а тогаш станува и поблага, па е полесно да се џвака и свари. Доколку тоа не е доволно, може да се свари или испече, а ако ниту тогаш не можете да ја изедете, можете да ја користите во други намени.

78183_Banana-gril

 

Кората од банана може да ја оставите во канта со вода неколку дена, а таа вода подоцна да ја користите за полевање цвеќе. Во неа ќе има многу повеќе хранливи материи кои ќе им помогнат на вашите билки да бидат поиздржливи.

Кората може да ја користите и за печење месо. Кога печете месо во рерна, кората од банана можете да ја наредите под него,  со што ќе постигнете месото  да не се пресуши.  

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top