Сепак, ќе возиме со вклучени светла 24 часа. Иако вчера од Собранието излезе информација дека е донесен закон дека со вклучени светла ќе се вози само од самрак, претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Стојче Стаменковски, појаснува дека има промени во висината на казната која ќе се плаќа доколку возите без светла. Доколку полиција ве запре поради возење без вклучени светла пред самрак, казната е 15 евра, по ова казната што ќе треба да ја платите е 35 евра или 15 негативни поени.
Таквата обврска не се однесува за возачите на запрежни возила и на велосипедистите кога запрежното возило, односно велосипедот го управуваат дење, освен во услови на намалена видливост.
Ако на запрежното возило едно светло се наоѓа на предната страна, а друго на задната страна, тие задолжително треба да бидат поставени на надолжната оска на возилото и за одбележување на левата страна на неговата лева страна, а ако на запрежното возило се наоѓа само една светилка, таа задолжително треба да биде поставена на левата страна на возилото. На запрежното возило задолжително треба да има два катадиоптeри со црвена боја на задната страна и по еден катадиоптер со жолта или со портокалова боја на секоја страна.
Според Законот, на велосипедот задолжително треба да има светло во бела боја на предната страна, како и катадиоптeр со црвена боја или рефлектирачка лента на задната страна и по еден катадиоптер со жолта или со портокалова боја на секоја страна. На велосипедист кој постапува спротивно на таа одредба ќе му се изрече прекршочен платен налог од 50 евра во денарска противвредност.
По исклучок од одредбите од членот 86 од овој закон, обврската за задолжителна употреба на запалени светла не се однесува на возило што е запрено или паркирано на осветлен дел од патот, така што јасно може да се гледа од доволна оддалеченост, возило што е запрено или паркирано на посебено определени места на коловозот или надвор од него или на улици со послаб сообраќај и велосипед, велосипед со помошен мотор, мопед, мотоцикл, трицикл, лесен четирицикл и четрицикл – кога се запрени или паркирани во населено место, покрај самиот раб на коловозот.
Светлата за означување на моторно возило, задолжително се употребуваат во условите од членот 86 и во условите на намалена видливост кога возилото е запрено или паркирано на пат. Светлата за означување на моторно возило, задолжително треба да бидат запалени за време додека се запалени кои и да било светла за осветлување на патот или посебни светла за магла.
На возачот кој нема да ги почитува тие одредби ќе му се издаде мандатен платен налог со глоба од 35 евра во денарска противвредност, односно ќе му се регистрираат 20 негативни бода.
Во магла, возачот на моторно возило задолжително треба да ги има запалено соборените светла за осветлување на патот или светлата за магла или двете светла истовремено. Светлата за магла можат да се употребуваат само во услови на магла или во случај на намалена видливост. Светлата за магла што се наоѓаат на предната страна на возилото, задолжително треба да бидат во бела или во жолта боја, а на задната страна со црвена боја. Мандатен платен налог со глоба во износ од 35 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 20 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1), (2) и (3) на овој член.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст