Македонскиот репрезентативец Перо Антиќ даде скромни 2 поени, со 4 скока во победата на Олимпијакос против Химки со 79-70, вредна четвртфинале во Евролигата.
Грците доминираа во текот на целиот меч и стасаа до целта, пласман во нокаут фазата. Најефикасен во победничкиот тим беше Папаниколау со 21 постигнат поен.
Барселона, вечерва славеше против Макаби и заврши на првата позиција во групата каде играше и Олимпијакос. Со нив четвртфиналисти се и Каха Лаборал и Макаби. Во втората група, ЦСКА стигна до првото место, а Реал Мадрид, Анадолу Ефес и Панатинаикос, продолжуваа во четвртфиналето. Во оваа фаза, ЦСКА Москва ќе ја има предноста на домашен терен против Каха Лаборал, Олимпијакос идентично, ќе има меч повеќе дома со Анадолу Ефес, како и Барселона против Панатиникос, односно Реал Мадрид против Макаби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


