| четврток, 6 декември 2018 |

Крајот на „Ел класико“: Реал без Барса пропаѓа, Роналдо заминува по Меси?

После неделните избори во Каталонија и победата на сепаратистичките партии, локалните медиуми се едногласни во тоа дека Каталонија го продолжува своето патување кон независност. Според проекциите на победничката партија, Каталонија би можела да стане независна веќе во 2017 година, но се чини дека тоа е прилично оптимистичка прогноза, што тешко  дека ќе се оствари во текот на следните две години.

Меѓутоа, лидерите на Здружението на професионални клубови и на Шпанскиот спортски совет, јавно порачаа дека Барселона во тој случај нема да може да продолжи да игра во шпанскиот шампионат. Во Каталонија таа изјава ја нарекуваат продолжување на кампањара на страв, со која се обидуваат да ги предомислат Каталонците од гласањето за партиите кои се залагаат за независност.

Иако во Каталонија постојат многу мислења дека во ничиј интерес е Барселона да ја напушти Примера, најмалку на нивните ривали Реал Мадрид, бидејќи Барселона полни стадиони и клупски буџети, Барселона не смее да остави ништо на случајот, па веќе ги разработуваат сите можни сценарија, пишуваат каталонските медиуми.

Едно од сценаријата е дека клубот ќе се приклучи на француското првенство, односно да има статус сличнен на оној на Монако.

Каталонците сметаат дека со излегувањето на каталонските клубови од шпанските лиги во сите спортови повеќе би изгубила Шпанија отколку Каталонија, и дека на крај ќе се постигне договор помеѓу двете страни.

Не е тешко да се заклучи дека шпанската лига без Барселона и Еспањол, односно без ѕвездите на Барса како Меси, Нејмар, Суарез, Иниеста и останатите, би била значително ослабена и понеатрактивна. Каталонците се сигурни дека Примера би изгубила значителен дел од колачот од телевизиските права и дека Реал Мадрид без Барселона како ривал тешко може да ги задржи своите најголеми ѕвезди. Тие веруваат дека Кристијано Роналдо веднаш би се преселил во Англија или во Франција, односно ПСЖ, кој веќе се обиде да го купи минатото лето. Така двојбојот меѓу Роналдо и Меси би можел да продолжи во француската лига.

Ако, пак, мадридската централа истрае во тоа дека Барселона мора да ја напушти Примера, каталонскиот гигант очигледно има намера да се приклучи кон француската лига. Наводно, челниците на Барселона во овој поглед веќе побарлеа помош од претседателот на УЕФА Мишел Платини, кој како икона на францускиот фудбал ужива голем авторитет во земјата и има силни врски.

Каталонците се убедени дека големите француски клубови радо би ја виделе Барселона во нивното првенство. Причините се јасни како ден: со доаѓањето на Барселона, француската лига може да стане најатрактивната лига во Европа, што значително би ги зголемило приходите на француските клубови. Дербијата со ПСЖ, Олимпик Марсеј и Лион за Барселона би биле повеќе од соодветна замена за оние со Реал Мадрид, Атлетико и Валенсија. Во Каталонија сметаат дека француската лига дури и финансиски би била доста профитабилна за Барселона, бидејќи Франција е сепак поголема и доста економски појака земја од Шанија. Во францускиот фудбал во последниве години значително инвестираа арапските милијардери, а овој тренд ќе продолжи, па дури и уште повеќе ќе се зголеми, ако на Французите им се приклучи Барселона.

Заклучокот на Каталонците е дека Барса нема да пропадне ако ја напушти Примера, напротив, но прашањето е што ќе се случи со Реал Мадрид?

Извор: dnevnik.hr

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top