Американскиот и рускиот претседател денеска се обратија на Генералното сообрание на Обединетите нации.
Напорите за уништување на џихадистичката група „Исламска држава“ (ИД), не смеаат да доведат до зајакнување на позиците на „тиранинот Башар ел Асад“ во Сирија, изјави денеска американскиот претседател Барак Обама.
– Мораме да признаеме дека по толку злосторства и по толку крвопролевање (во Сирија) не може да се врати предвоениот стаус кво – нагласи Обама во обраќањето пред Генералното собрание на ОН.
Како што јави ДПА, Обама истакна дека случувањата во Сирија претставуваат тест за системот на меѓународното право кое го штитат ОН, поздравувајќи ги притоа дипломатските напори на Светската органзација за решавање на сириската криза.
Обама во обраќањето се осврна и на случувањата во Украина, нагласувајќи дека меѓународната заедница не може да стои настрана во услови на руско нарушување на украинскиот суверенитет.
– Ја прифаќаме длабоката и комплексна историја меѓу Русија и Украина, но не можеме да стоиме настрана во услови на флангартно кршење на суверенитетот и на територијалниот интегритет на една држава – изјави Обама.
Ваквата осуда на Обама на, како што рече „руската агресија“ на Украина, доаѓа само неколу часа пред неговата средба со претседателот на Русија, Владимир Путин на маргините на заседанието на Генералното собрание на ОН.
Рускиот претседател Владимир Путин, пак, смета дека Западот прави грешка со тоа што не соработува со властите во Дамаск во борбата против џихадистичката група „Исламска држава“ (ИД).
– Сметаме дека е крајно погрешно што не се соработува со сириската влада и со нејзините сили кои директно се соочуваат со тероризмот – изјави Путин во обраќањето пред Генералното собрание на ОН.
Путин повика на соработка со силите лојални на сирискиот претседател Башар ел Асад, бидејќи, како што рече, единствено тие „вистински се борат“ против ИД.
Како што јави ДПА, Путин ги отфрли обвинувањата дека во рамките на своите глобални амбиции Русија го засилува военото присуство во Сирија, нагласувајќи дека Москва „повеќе не може да ги толерира актуелните случувања во светот“.
Путин денеска предложи Советот за безбедност на ОН да усвои резолуција за борба против џихадистичката група Исламска држава (ИД).
Информирајќи за ваквиот предлог на Путин, рускиот амбасадор при ОН, Виталиј Чуркин, истакна дека оваа резолуција би била основа за акциите на меѓународната коалиција против ИД во Сирија и Ирак.
Чуркин, исто така, нагласи дека Русија смета дека во заедничките напори за соочување со џихадистичката закана треба да бидат вклучени и владата на сирискиот претседател, Башар ел Асад и Иран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст