| четврток, 6 декември 2018 |

Сеп Блатер се врати на работа по тридневното испитување

Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер, се врати на работа откако три дена беше испитуван од страна на швајцарските истражни органи заради сомнежи дека е вмешан во коруптивни активности.

Првиот човек на ФИФА меѓу другото се соочува и со можна суспензија од страна на Етичката комисија поради тоа што против него се води истрага.

Тој во текот на денешниот ден треба да им се обрати на вработените во рамки од редовниот работен состанок. Состанокот веќе е закажан за попладневните часови.

Мандатот на Блатер ќе заврши во февруари за кога се закажани избори за негов наследник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top