Се остваруваат најавите на германската канцеларка Меркел која пред десетина дена најави дека тие мигранти кои што не бегаат од војна туку доаѓаат поради економски причини по кратка постапка ќе бидат вратени дома.
Причините за низата чекори кои што ги преземаат германските имиграциони власти се поврзани со процентот на имигранти кои што доаѓаат по подобар живот. Над 40 % од тие што годиннава пристигнале и побарале засолниште во Германија не се од земјите зафатени со војна. Само до септември оваа година од вкупно околу 260 илјади кои побарале азил дури околу 100 илјади луѓе доаѓаат од таканаречени безбедни земји како Албанија, Косово, Црна Гора, Србија, Македонија или Босна и Херцеговина.
Паралелно со плановите за договорени квоти за работни дозволи и забрзување на процедурата за утврдување на безбедносни причини, германските власти работат и на легислатива која што ќе овозможи да се намали приливот на баратели на азил од Балканот.
Планот на германската влада да издаде неколку десетици илјади работни дозволи за квалификувани кадри од Балканот нема да го запре напливот на економски мигранти поради што процедурите за утврдување на причини за азил се затегнуваат драматично. Наместо како до лани кога бараателите за азил чекаа со месеци сега одлуката понекогаш се носи за неколку часа по што за неколку денови барателот на азил кој не докажал дека има безбедносни причини за невраќање дома на Балканот може да биде транспортиран назад. Сега дури одбиените баратели не мора да бидат инфомирани однапред за трансферот до аеродром кој што е обезбеднуван со полиција поради страв дека дел од нив нема да сакаат да се вратат дома.
Германскиот Бундестаг идниот месец би можел уште повеќе да ја олесни оваа процедура со комплетирање на листата земји кои што се сметаат за безбедни со што за балканците ќе биде речиси невозможно да добијат азил во Германија освен доколку не се дел од некоја посебна ранлива категорија. Со ставањето на листата на безбедни земји на Албанија, Косово и Црна Гора кои им се придружуваат на Македонија , Србија и Босна И Херцеговина Балканот ресиси целосно ќе биде формално покриен со гермаснките процедури за азил.
Затоа меѓу барателите на азил од регионот последниве неколку месеци се бараат нови форми преку кои ќе се дојде до посакуваниот статус. Така на пример меѓу мигрантите во последно време се шират информации дека најголема можност за азил имат тие кои што се претставуваат како хомосексуалци или како потенцијални жртви на крвна одмазда по што се зголемува бројот на баратели по овие две основи. Германските власти ги имаат предвид и овие посебни случаи но сепак дококу барателот не достави уверливи докази дека навистина се потенцијални жртви ако се вратат дома ништо не може да им помогне на лажните азиланти.
Ситуацијата за лажните азиланти се комплицира и поради фактот што германските власти работат и на намалување на бенефициите што ги добиваат барателите на азил. Наскоро сумата од 140 евра која што им се дава на барателите би можела да се замени за производи за и таа нема да се дава за повеќе од еден месец. Во исто време со промена на процедурите тие што еднаш ќе бидат одбиени за азил не само што нема да имаат можност да аплицираат по втор пат туку би можеле да бидат ставени на црна листа за влез во било која дежава од Шенген системот каде што нема да им биде дозволено да влезат и како туристи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.