Кина ќе ѝ помогне на сириската Влада во борбата против Исламска држава со испраќање „воени советници“, изјавија сириски воени официјални лица.
Русија, Иран и Ирак веќе се договорија да воспостават заеднички информативен центар во Багдад за да ги координираат своите операции против екстремистите од ИД, наведуваат воено-дипломатски извори.
– Кинези ќе пристигнат во следните недели – изјави сириски воен претставник за либански медиум, пренесуваат западни агенции.
Во извештајот се вели дека кинески брод е на пат кон Сирија со десетина „воени советници“ по што Кина планира да испрати војници. Бродот го минал Суецкиот канал во Египет и се движи во Средоземното Море. Според либанските медиуми, кинеските воени советници ќе му се придружат на рускиот персонал во областа Латакија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.