Осигурениците кои се хронично болни од кардиолошки, бубрежни заболувања и дијабетес, од 1 октомври преку телефонски јавувања (за повозрасните), смс-пораки и е-пошта (за помладите) ќе бидат потсетувани кои прегледи треба редовно да ги прават, и ќе бидат информирани за комплексноста на болеста со цел да се стопира нејзината можна прогресија.
Оваа директна комуникација со осигурениците ќе ја вршат тимови од Фондот за здравствено осигурување на Македонија, која ќе се одвива преку неговиот кол-центар.
Директорот на ФЗОМ, Сашо Стефаноски, денеска на прес-конференција истакна дека проектот на Владата „Фондот се грижи за хроничните болни“, кој предвидува вклучување на вработените од Фондот во грижата на хронично болните, одлучиле да го почнат порано од предвиденото, бидејќи се исполниле дел од потребните предуслови.
– Еден од нив беше изработката на нов софтвер во Фондот за превентивните мерки и активности кај избраните лекари, а со него се овозможи евидентирање на осигурениците со хронични болести. Избраните лекари во информатичкиот систем на Фондот внесоа 154.531 осигуреник со дијабетес, со кардиолошки и со бубрежни заболувања – рече Стефаноски.
Фондот, нагласи Стефаноски, на овој начин сака да ја подигне свеста на граѓаните за грижата за нивното здравје и можните компликации доколку не ги следат советите на лекарите и не ги прават потребните редовни прегледи.
Директорот на ФЗОМ, Орхан Рамадани, рече дека проектот „Фондот се грижи за хроничните болни“ е поттикнат од секојдневието, од контактите со здруженијата на пациенти, од директна комуникација со лекарите и со граѓаните.
– Затоа сакаме да ја подигнеме свеста и со едукација и со позитивни примери, барем малку да влијаеме овие лица да можат да доживеат длабока старост. Овие лица, покрај главната терапија, потребно е да се придржуваат на неколку основни постулати: здрава исхрана, редовна физичка активност, здрави навики, почитување на препораките на докторите. Дека тоа е можно, доказ се 448 осигуреници преку 91 година старост, кои се хронични пациенти со дијабетес, со кардиолошки и со бубрежни болести -посочи Рамадани.
Најкритични се осигурениците на возраст од 50 до 80 години од кои 76.000 се заболени од кардиоваскуларни болести, 64.000 од дијабетес и 3.600 од невролошки заболувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст