СВР Скопје поднесе кривична пријава за Е.Т.(20) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело – тешки дела против безбедноста на луѓето и на имотот во сообраќајот предвидено и казниво по чл.300 од КЗ на Р.М., а од страна на судија на предходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.
На 25.9.2015 година околу 14.00 часот во Скопје на крстосницата од бул. „Партизански Одреди“ и ул. „Френклин Рузвелт“ случена е сообраќајна незгода меѓу патничко возило „ауди А4“ со скопски регистерски ознаки управувано од пријавениот, велосипед „спринт“ управуван од Нинослав С. (65) од Скопје и автобус. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, кој со возило на брза помош бил пренесен во Ургентниот центар- Скопје, каде што околу во 18.30 часот им подлегнал на повредите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст