| четврток, 6 декември 2018 |

Индустријата во август со раст од 12,7 отсто

индустрија

Според податоците на Државниот завод за статистика, индустриското производство во август 2015 година, во однос на август 2014 година е поголемо за 12,7 отсто.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во август 2015 година, во однос на август 2014 година, бележи пораст од 18,2 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 8,4 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 45,0 отсто.

Според главните индустриски групи, производството во август 2015 година, во однос на август 2014 година, бележи пораст кај Енергија за 39.0 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 3.1 отсто, Капитални производи за 14.6 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 10.1 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 12.6 отсто.

Индустриското производство во периодот јануари – август 2015 година, во однос на истиот период лани е поголемо за 1,7 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top