Животна приказна, која како да е пишувана за рубриката „верувале или не“…
Австралискиот суд неодамна донесе пресуда во која бришење на некој од листата на пријатели на „Фејсбук“ ја изедначи со малтретирање на работа. Спорниот настан се случил во една агенција за недвижен имот во која се вработени извесните Лиса Бирд и РејчелРобертс.
Сè почнало така што госпоѓата Рејчел почувствувала потреба да му се пожали на директорот на агенцијата бидејќи нејзините огласи за недвижниот имот не биле доволно видливи во излогот на претпријатието. Колешката Лиса овој потег го протолкувала како кодошење и ја обвинила Рејчел дека е „лошата ученичка што сите ги кодоши кај учителката“. Рејчел се расплакала, заминала од работното место и се логирала на „Фејсбук“ каде што забележала дека колешката ја избришала од листата на пријателите.
Со целата приказна Рејчел Робертс му се обрати на судот, кој на крајот пресудил во нејзина корист. Пресудата вели дека станува збор за малтретирање на работа иако е обичен потег, која неретко се применува на таа социјална мрежа. Судот наведува и дека чинот на бришење од листата на пријатели е доказ за недоволна зрелост и укажува на ирационално однесување. Тој нагласува дека бришењето од листата на пријатели не спаѓа по дефиниција во малтретирање, но во овој поединечен случај тој чин е дел од процесот што е категоризиран како малтретирање. Не е познато каква казна добила Лиса Бирд за бришење на колешката од листата на пријатели на „Фејсбук“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.