| четврток, 6 декември 2018 |

Кина распореди единици на границата со Северна Кореја

Кинеската армија спроведува распоредување на тенкови и воена опрема во близина на границата со Северна Кореја, што најверојатно е поврзано со неодамнешните објави на Пјонгјанг за подготвеноста да одговори на провокациите „според законите што важат при воена состојба”, објави Washington Times, повикува јќи се на неименуван претставник на американското разузнавање.

Според соговорникот на весникот, „придвижувањата” на војските на Кина во пограничните региони започнало уште кон средината на март, а тоа продолжува и овие денови. Според податоците добиени преку разузнавачки канали, особено забележливо е распоредувањето на војските во провинцијата Лиаонинг, каде што се регистрирани армиски единици и тешка артилерија на Народноослободителната армија на Кина, вклучувајќи ја и 190-та моторизирана пешадиска бригада. Исто така, голем број авиони ловци го крстосуваат небото над пограничните градови Фучен, во провинцијата Хебеј , Чжангу и Чаончун во провинцијата Лиаонин.

Според весникот, овие кинески борбени единици можат да реагираат и да одговорат во случај на избувнување конфликт во регионот од каков и да е обем.

Последните седмици има брза ескалација на тензиите меѓу Северна и Јужна Кореја. Претходно, Северна Кореја предупреди дека во случај на воена провокација против неа ќе одговори на тоа според „прописите на воената состојба”. Од друга страна, пак, Сеул, објави дека разработува план за превентивни напади во случај на директна закана за националната безбедност.

Кина, инаку единствен дипломатски сојузник на Пјонгјанг, којашто повеќепати ја поддржува денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров, особено изненади кога во март без никакви забелешки ја поддржа во Советот за безбедност при ОН резолуцијата за нови санкции против Северна Кореја поради нејзината трета нуклеарна проба.

Пекинг од почетокот на тензиите ги повикува сите засегнати страни на воздржаност и решавање на сите прашања поврзани со севернокорејската нуклеарна програма преку преговори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top