| четврток, 6 декември 2018 |

Автомобил удри 13-годишно девојче во Тетово

Tринаесетгодишно девојче е полесно повредено откако во него удрил автомобил  „форд“ во Тетово.

policija

Несреќата се случила пред два дена, кога 32-годишниот возач И.А. од Боговиње со автомобилот удрил во 13-годишното девојче кое е полесно повредено, но задржано е на опсервација во тетовската болница.

На местото на несреќата полицијата извршила увид и работи на нејзино целосно расчистување.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top