Проблемите со сексот и интимноста се многу распространети. Една третина од мажите и полoвина од жените имаат проблеми со сексуалната функција, сексуалните чувства и интимноста.
Сексуална терапија може да ви помогне. Тоа е еден вид терапија преку споделување, која се врши од психолози и лиценцирани консултанти, специјално обучени да помагаат при прашања поврзани со сексот и врските.
Сексуална терапијата е едно ефективно средство за луѓе од различни возрасти, пол и религија. Сексуална терапијата може да ви помогне без разлика дали сте сами или имате врска со некого.
Како се прави секс терапија?
Сексологот ќе ја започне терапијата зборувајќи за вашиот конкретeн проблем. Сексуалните проблеми може да бидат сложени и вашиот терапевт ќе сака да има јасна визија за сите фактори кои можат да го условуваат. Кога еднаш ќе почнете да разговарате со терапевт, значи дека веќе имате напредок. Тој ќе разговара за начините за решавање на проблемот и ќе ви помогне да ги научите техники и вештини за подобрување на комуникациски способности и интимните односи.
Ако сте во врска, обично би било добро и корисно да го вклучите и вашиот партнер во средбите со психијатарот. Најчесто вашиот терапевт би ви дал на вас и вашиот партнер серија од вежби, кои би ги правеле дома.
Во тие вежби би можеле да бидат вклучени, читање за сексуалните техники, забавување на темпото, фокусирање на вашите сетила за време на сексуалните контакти и промена на начинот на кој комуницирате со вашиот партнер за време на секс.
Загриженоста за сексот и интимноста, често се поврзани со други суштински проблеми, како што се психолошки проблеми, стрес, нервоза и депресија. Во некои случаи сексуалната дисфункција е последица од хронично заболување, пропратен ефект од земање лекови или операција.
Што се однесува до вашиот случај, средбите со сексолог можат да бидат доволни или вашиот сексолог може да е дел од терапија која вклучува доктор, психолог или физиотерапевт.
За какви сексуални проблеми може да се обратиме кон сексолог?
Сексологот може да ви помогне за решавање на широк спектар на проблеми поврзани со сексуалната функција или начинот на кој комуницирате со партнерот. Пример:
– Проблеми поврзани со сексуалната возбуда и сексуалниот интерес;
– Нападно сексуално однесување;
– Проблеми со сексуалната ориентација;
– Проблеми со ерекцијата;
– Премногу брза ејакулација;
– Проблеми со доаѓање до оргазам;
– Болки при сексуален однос;
– Проблеми со пенетрација;
Кога зборувате за секс, може да се чувствувате непријатно, но не грижете се, сексологот е спремен да ви помогне да се чувствувате удобно и ќе ја разбере вашата резервираност.
Ова исто така може да ви помогне отворено да разговарате со партнерот за сексот. Сексологот може да ве научи да се изразувате јасно и подобро да ги разбере потребите на партнерот.
Сексуална терапија секогаш ли го вклучува сексуалниот контакт?
Дипломираниот сексолог потпишува етички кодекс, кој забранува сексуален контакт со пацинтите од секаков вид во неговиот кабинет или некаде на друго место.
Сепак, некои терапевти без морал, можат да понудат вежби кои вклучуваат и контакт со нив. Ова дефинитивно не е дел од сексуалната терапија и вие треба да откажете било каков сексуален контакт. Вашиот сексолог може да ви даде домашни задачи, кои вклучуваат сексуален контакт со вашиот партнер.
Колку долго трае терапијата?
Некои проблеми може да се решат брзо, само со неколку посети. Но, за да е по ефикасна терапијата, се препорачуваат повеќе сесии, обично еднаш неделно или еднаш на две недели во текот на неколку месеци. За време на првата сесија, вашиот консултант ќе ви објасни што да очекувате, колку сесии ви се потребни и колку често да го посетувате.
Како да се најде сексолог?
Проверете во локалната болница или медицински центар, дали таму имаат таков, ако не замолете го матичниот лекар да ви препорача некој. Кога ќе го изберете терапевтот, проверете дали е легитимен. Тој треба да е психолог, психијатар или лиценциран консултант. Ефективната сексуална терапија бара доверба и добра комуникација помеѓу вас и вашиот терапевт. Ако не сте задоволни со вашиот терапевт, не се откажувајте, можеби друг терапевт ќе биде подобар за вас.
Корисна ли е секс терапијата за вас?
Може да одлучите да се види со сексолог за сексуален проблем кој го имате подолго време или за нешто ново. Вие може да знаете точно зошто имате сексуален проблем или да немате никаква претстава. Во сите случаи, сексуалната терапија ќе ви помогне да се справите или да ги решите проблемите поврзани со сексот и интимноста, без разлика дали ги посетувате сесиите сам или со партнерот.
Сексот и романтиката треба да бидат нешто забавно. Ако сексот ви е стресен и тежок, посети кај сексолог можат да ви помогнат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.






