| четврток, 6 декември 2018 |

Ќерката на Мишел Фајфер израсна во вистинска убавица (фото)

Мишел Фајфер ја посвои Клаудија Роуз Кели во 1993 година, а само осум месеци потоа, стапи во брак со познатиот продуцент Дејвид Е. Кели.

2703_web-misel-fajfer-foto-01-Reuter

Калудија денес има 21 година и израсна во убава млада жена, но не сака често да се експонира во јавноста.  На црвениот тепих  првпат стапна во 2010 година на традиционалното доделување на Оскарите.

97601_profimediaklaudija-2_630x0

Потоа се појави на премиерата на филмот „Темна сенка“ во кој нејзината мајка ја толкуваше главната улога.

За разлика од  нејзините родители, Клаудија Роуз не ја интересира шоубизнисот ниту актерството.

Таа студира социологија и сака да се занимава со хумана работа, а родителите ѝ даваат целосна поддршка.

Сепак, Клаудија сака сама да успее во животот, а нејзината решителност го потврдува и фактот дека е еден од најдобрите студенти во нејзината генерација.

97602_profimediaklaudija-1_630x0

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top