– Јасно е дека меѓу нив има и борци на ИСИС. Тие знаат да ја искористат актуелната ситуација во Европа, а не им е потребно ни оружје – предупредува Поли.
Безбедносните власти во европските земји немаат никаква шанса сега, меѓу толпата што доаѓа, да ги пронајдат терористите.
– Германската разузнавачка служба е многу загрижена поради тој факт, бидејќи борците на ИСИС нема да ги чекаат чуварите на редот да ги пронајдат, туку претходно ќе дејствуваат. Тоа ќе го видиме најдоцна за пет месеци – рекол Поли.
Тој истовремено предупредил и на понатамошната опасност, велејќи дека Европејците увезуваат жртви, но и злосторници, и дека мора се внимава на опасните ситуации при сместувањето на азилантите.
Директорот на Службата за заштита и борба и против тероризмот, Петер Гридлинг, потврдил дека лицата, познати како исламисти, се обиделе на бегалците во Австрија да им понудат помош.
И тој укажал дека бранот на бегалци би можел да биде злоупотребен, но додал дека неговата установа реагира на таквите информации.
За разлика од Поли, тој не верува дека терористите би можеле да го искористат бранот на бегалци за да дојдат во Европа.
Гридлинг ја поткрепува својата теорија со фактите дека условите за транспорт се опасни по живот, и дека потенцијалните терористи би морале цело време да се движат меѓу луѓето кои бегаат од нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



