Претседателот на опозициската партија Хрватска демократска заедница (ХДЗ) Томислав Карамарко предупреди дека изградбата на прифатен центар за бегалци на полуостровот Превлака може да претставува закана за туризмот во Далмација.
Тој изјави дека во еден момент Хрватска треба да каже „стоп“, со цел таа самата да не стане хуманитарен проблем за Европа.
Карамарко праша што ќе се случи со туризмот на Хрватска доколку десетици илјади лица бидат населени од Далмација на другите острови.
Во информативната емисија на хравтската телевизија „Нова“, Карамарко посочи дека ХДЗ се залага за „решавање на проблемот со бегалците како дел од мозаикот на Европската унија, бидејќи тоа не е проблем само за Хрватска, туку е проблем на ЕУ, но и на целиот свет“.
Карамарко истакна дека граничните премини треба да останат отворени и лицата што влегуваат во земјата да бидат регистрирани, а нелегалните премини да бидат затворени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти