| четврток, 6 декември 2018 |

Хороскопот и пороците: Овенот го привлекува алкохол, Вагата пазарење…

Секој човек е склон на некој облик на зависност и компулсивно однесување и пороци. Кај Скорпијата тоа нејчесто е коцката, кај Бикот порнографијата, а кај Лавот неверство… Овенот е слаб на отпуштање со алкохолПрипадниците на овој огнен знак се склони на отпуштање со алкохол, а често и претеруваат во тоа. Така знаат непланирано да поминат часови, а да се вратат со главоболка и со празни џебови. освен тоа, зависни се од караници, особено со блиски луѓе, па ќе почнат судир без речиси никакви причини. Уште една работа што ги мами се тетоважите.

Бикот го привлекува виртуелниот свет

Припадниците на овој знак се вистински хедонисти, па најчесто без мера јадат и пијат. Мошне се сексуални и обожуваат „лов“ на партнери, а склони се и на разни облици на виртуелни игри. телефонскиот секс, запознавање луѓе на интернет страници за барање партнер и онлајн порнографија кај нив може да предизвика вистинска зависност. Ги фасцинираат социјалните мрежи, па можат да поминат часови на компјутер.

Близнаците треба да се чуваат од таблети

Припадниците на овој знак се прилично болешливи поради што често пијат разни аналгетици, мултивитамини, таблети за смирување, протеини, таблети за слабеење и други хемикалии за подобрување на физичката форма. Секако треба да внимаваат на таблетите бидејќи постои можност од навика,. освен тоа склони се многу пари да потрошат на своите сексуални фетиши.

Ракот за порок ги има цигарите

Припадниците на овој знак сакаат да бегаат од стварноста со помош на чашка и цигара, а ни разните облици на опијати не им се туѓи. Честопати се прејадуваат и наталожуваат прекумерна тежина, а тогаш стануваат мрзеливи и сакаат времето да го поминуваат пред телевизорот. Уште еден порок им е купувањето преку тв-продажба, бидејќи се прилично лековерни.

Лавот го мами неверството

Припадниците на овој знак често се материјалисти, а како такви може да бидат вистински зависници од шопинг. Сакаат тренди уреди и најнова мода па преку купување си угодуваат себе си. Поголемиот број лавици имаат слабост кон чевли и накит, додека мажите повеќе купуваат техника. Поголемиот број лавови се склони на неверство и флерт, па и за љубовните прашања имаат поинакви критериуми за себе, а поинакви за својот партнер.

Девиците се склони кон претерување

Припадниците на овој знак се перфекционисти кои поради својата природа често претеруваат во она со што се бават. Многумина од нив се опсесивни вежбачи, а поради преголема грижа за сопственото тело стануваат хипохондри. Не се внимателни со пари, па честопати се должни. Бидејќи сакаат се да контролираат, нивните блиски им забележуваат на вмешување во нивните животи.

Вагите за порок го имаат пазарењето

Припадниците на овој знак се расфрлаат повеќе од другите хороскопски знаци, а најмногу ги мами трошењето пари на сопствениот изглед. Во пазарењето може да остават цело богатство, а потоа ќе лажат колку навистина потрошиле. Не им е туѓ ниту воајеризмот и вплеткувањето во туѓите животи.

Скорпиите ги мами коцка и секс

Припадниците на овој знак познати се по тоа што верноста понекогаш им е премногу тешка, а секскот за една ноќ им е исклучително привлечен. Сите облици на коцкање и кладење им се привлечни на Скорпиите, кои од заработката повеќе ги привлекува адреналинот кои го чувствуваат во моментот. Исто така се мошне празноверни, па им се доверуваат на гатачи и разни тарот мајстори.

Стрелецот поради патувањата ќе остане без динар

Најголема слабост на припадниците на овој знак е страста кон патувањата. Иако со тоа ги шират своите хоризонти, ќе отпатуваат иако тоа не можат да си го дозволат, а притоа ќе ги знаемарат блиските. Често на работа се јавуваат дека се болни бидејќи им дошло време да се одморат, а тогаш часовите ќе ги поминат гледајќи документарци за далечни краишта.

Јарецот најмалку е скон на пороци

Бидејќи исклучително ја ценат самоконтролата, припадниците на овој знак успешно му одолеваат на се за што ќе почувствуваат дека ја преминува мерката. Тешко се одрекуваат од цигарите, а можат да станат зависни од вежбање, па дури и да стекнат некаков облик на пореметување во исхраната бидејќи нивниот физички изглед им станува главна преокупација.

Водолијата оди од крајност во крајност

Од експериментирање со дрога, алкохол и цигари, се до водење здрав живот, вегетаријанство или мекробиотика, Водолиите честопати одат од крајност во крајност. Лесно стануваат зависни од нешто, меѓутоа лесно и престануваат со тоа, но со таквото однесување можат да ги излудат оние кои ги сакаат.

Рибите за најголем порок ги имаат игрите

Припадниците на овој знак се посветени на духовниот аспект на животот и притоа може да станат фанатични. Сакаат да постигнат чувство на поинаква состојба на свеста со разни опијати, но треба да се пазат од тоа. лесно стануваат зависни од сите облици на игрички.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top