Македонскиот интернационалец, Перо Антиќ со својот нов тим Фенербахче супериорно тирумфураше на престижниот турнир во Задар на кои учествуваат шест екипи.
Фенер победи во финалето против екипата на Баерн Минхен со убедливи 76-55. Турскиот гигант одлично го почна мечот и веќе по првата четвртина си создаде убедлива предност од 20-6, што се покажа дека беше недостижна за избраниците на Светислав Пешиќ на клупата на Баерн.
Одличната одбрана која ја постави најтрофејниот тренер во Европа, Жељко Обрадовиќ беше клучна за победата, бидејќи „баварците“ не успеаја да постигнат повеќе од 30 коша се до средината на третиот период.
Перо Антиќ, кој имаше двоцифрен ефект на првите два меча од овој турнир, овојпат поради ситна повреда не беше во комбинација за настап, но македонскиот интернационалец со настапите на овој турнир покажа дека ќе биде значаен адут на Фенербахче во новата сезона. Најефикасни кај турскиот тим на синоќешното финале беа Весели со 16, пред Омер и Кешељ со по 10 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.