Во светот се зголемува заканата од тероризмот, а терористите се приспособуваат за изменетата ситуација, изјави во Њујорк турскиот министер за надворешни работи Феридун Синирлиоглу.
– Ги насочуваме напорите кон решавање на проблемите, кои се појавуваат поради тероризмот. Треба да споменеме дека освен директните штети врз социјалната, економската и политичката сфера, тероризмот е и причина за зголемување на бегалскиот прилив, што доведува до хаос – рече Синирлиоглу доцна синоќа на Глобалниот антитерористички форум.
Тој изјави дека учесниците на Форумот ја поддржале иницијативата за создавање на Центар за борба против екстремизмот и ја одобриле иницијативата на Холандија и Мароко за создавање работна група за собирање на информации за странските борци.
– Тоа е мошне современа и потребна иницијатива, која предвидува размена на информации, вклучувајќи разузнавачки – додаде турскиот министер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Поранешното момче пет месеци ѝ се заканувало дека ќе ја убие
-
Дај ми 2.000 евра или ќе ти го земам детето – Скопјанка мета на закана од поранешното момче
-
Тероризам во Ирска? Се испитуваат методите за убиството на еден маж на среде улица
-
Оперскиот пејач Дурловски ќе одговара за тероризам, а терористите кои убија деца на Смилковско на слобода