| четврток, 6 декември 2018 |

МОТ се затвора со „Електра“ и „А каде е револуцијата, стоко?“

На последниот ден на 40. Млад отворен театар (МОТ) на програмата се претставите „Електра“ на Македонскиот народен театар и „А каде е револуцијата, стоко?“ на загрепскиот „Монтажстрој“.

elektra-29

 

Претставата „Електра“ во режија на Андриј Жолдак почнува во 19 часот на сцената на МНТ. Тоа што ја прави избраноста на претставата е нејзината доминантна моќ на деконструкција на целото наше знаење за тоа што е и која е Електра и за тоа што е и како изгледа театарот денес. Андриј Жолдак создава претстава што предизвикува уште од првата сцена. Работена паралелно на неколку плана во корелација со современите медиуми, а пред сѐ, со доминацијата на главната актерка Дарја Ризова во насловната ролја, оваа претстава треба да се види за да може сериозно да се препознае новиот театарски модел за кој е способен македонскиот театар.

Последната претстава на годинашниот МОТ, „А каде е револуцијата, стоко?“ во режија на Борут Шепаровиќ почнува во 21 часот во МKЦ. Претставата „А каде е револуцијата, стоко?“ го поставува прашањето дали може поп-музиката да придонесе во општествените промени. Рамката на претставата ја сочинуваат 17 музички нумери во кои изведувачите со врескачки гласови проговоруваат за болните точки на нашата неодамнешна историја и актуелниот политички момент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top