Американскиот претседател Барак Обама си ја намалил платата за пет проценти, во знак на солидарност со вработените во администрацијата, кои мораат да одат на неплатен годишен одмор поради воведувањето на мерките за штедење.
Белата куќа соопшти дека одлуката стапи во сила на 1 март, кога и мерките за штедење, а ќе трае до крајот на декември.
На стотици илјади работници во администрацијата им се заканува да одат на неплатен одмор, ако Конгресот наскоро не донесе мерки за да се намали трошењето, јави АП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


