Науката потврдува дека постојат точно пет фактори што ја прават разликата меѓу среќен и незадоволен работник.
1. Работата претставува предизвик
Научниците откриле дека луѓето се најсреќни кога се соочуваат со тешка, но изводлива задача.
2. Сметате дека можете да напредувате
Чувство дека сте направиле нешто добро, сте решиле проблем или сте направиле голема работа, нуди задоволство. Затоа, кога ќе се постигнете успех се чувствувате подобро и знаете дека сте направиле чекор напред во својата кариера.
3. Не чувствувате страв
Притисокот може да бидат ефикасен на кратки патеки, но долгорочното чувство на страв ги сопира вработените, затоа што се плашат дека ќе го загубат своето работно место. Кога работниците се плашат, нема тимска работа и на крајот нема ни продуктивност.
4. Самостојност
Чувствотo дека сте се независни и гo контролиратe сопственoто време, некогаш може да значи и повеќе од парите. Затоа, вработените со приспособливо работно време може да се многу посреќни од тие што треба да работат под строго контролирани услови.
5. Чувство на припадност
Истражувањата покажаа дека луѓето што имаат пријатели на работа даваат подобри резултати. Не е лесно да се развијат длабоки чувства со луѓето со кои работите, но отпуштените односи се важни за да бидете среќни на работното место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.