Русија нема да учествува во копнена операција во Сирија, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју за американските телевизии Си-Би-Ес и Пи-Би-Ес.
– Русија нема да учествува во никакви воени операции на територијата на Сирија или во други држави, засега не планираме такво нешто, рече Путин.
– Сирискиот проблем може да биде решен само со поддршка на сегашните законски државни структури, со тоа што ќе им пружиме помош во борбата против тероризмот и истовремено да се поттикнат на позитивен дијалог со здравиот дел од опозицијата и кон политички промени, додаде рускиот претседател.
Путин нагласи дека активностите на Русија во Сирија се во насока на задржување на власт на претседателот Башар ал Асад.
Тој истакна дека е длабоко уверен оти ако се дејствува во друга насока, односно во насока на разурнување на легитимните структури на власта, ќе се создаде ситуација, која е веќе видлива во други земји, на пример во Либија.
– Слична ситуација имаме и во Ирак, додаде рускиот претседател, кој им порача на сите оние кои бараат повлекување на Асад, тоа барање да го испратат со сирискиот народ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Виолета Џолева, режисерка: Со првиот мјузикл за деца сакам да им се заблагодарам на маестро Џамбазов и на Оливера Николова
-
Путин и Трамп ќе разговараат во движење
-
Бислимовски: РКЕ нуди четири цени на нафтените деровати, но трговците секогаш ја избираат највисоката
-
Седна на местото на Путин, а тој спонтано повлече шмекерски потег!(видео)