Оваа работна недела ќе помине во претежно облачно време, но од оваа облачност нема да очекуваме некоја значителна количина на врнежи.
Според Метеопро вторник ќе биде генерално облачен во текот на денот. Мала е веројатноста за некои подолги сончеви периоди. Попладне во планинскиот дел во западниот регион ќе има услови за појава на релативно слаб дожд. Во текот на вечерта слаб дожд може да се очекува во повисокиите делови од јужниот регион.
Во среда облачноста во однос на вторник ќе биде нешто помала. Подолги сончеви периоди ќе очекуваме во источната половина од земјата.
Во четврток повторно се очекува тренд на зголемување на облачноста, а од истата слаб дожд ќе очекуваме локално во јужниот дел од земјава.
Петок започнува со облачно време, но во текот на денот ќе има тенденција на намалување на облачниот слој.Во однос на температурата, нема да има некои поголеми падови и скокови.
Повеќе на Метеопро
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.