Фенг шуи е древна кинеска вештина која верува дека поединечни аспекти од животот можат да се подобрат или станат полоши во зависност од распоредот на нештата во просторот околу нас.
Ако сакате да ја подобрите вашата врска или да запознаете некоја нова личност која ќе внесе љубов во вашиот живот, тогаш еве што треба да промените во вашиот дом.
Ногарките на мебелот ставете ги на тепих
Никогаш немојте целиот мебел да го залепите до ѕидовите. Комбинацијата на мебелот би требало да ја поттикне комуникацијата. Ставете ги барем предните ногарки од мебелот на тепих, така ќе го поттикнете разговорот.
# Опкружете се до двојни предмети
Ако сакате да започнете врска, немојте да се опкружувате со осамени елементи. Избегнувајте поставување на едно столче во аглите на собата, поединечни скулптури или слики на ѕидовите. Важно е да креирате енергија на партнерство меѓу вас.
# Закачете фотографии на ѕидовите
За да ја засилите својата врска или бракот, на ѕидовите во ходникот или другите прометни места поставете слики од семејството во рамки.
На ноќните орманчиња држете само фотографии од вас и вашиот сакан.
# Организирајте ја трпезаријата во круг
Ако сакате во својот дом да привлечете повеќе љубов, посветете се на втората најважна просторија во домот (спалната е на прво место).
Трпезариската маса поставете ја на тој начин сите членови на семејството да можат меѓусебно да се гледаат. Најдобро е да набавите округла маса, бидејќи кругот преставува заедништво.
# Ослободете се од негативните елементи
Спалната соба треба да биде пријатна. Затворете ги сите врати кон спалната соба, како што се вратата од ходникот или тоалетот.
Ако во собата имате дел за седење, столчињата поставете ги една наспроти друга.
Кога просторот станува се поголем и поголем, луѓето имаат тенденција емотивно да се оддалечуваат едни од други.
Исто така избегнувајте ги негативните симболи во спалната, како што се уметнички дела на кои има агресија.
# Додадете нешто розово
Во Фенг шуи розовата е боја на врските и затоа најдобро е да се искористи кога се уредува спалната соба. Оваа боја симболизира љубов, среќа, задоволство и романтика.
Тоа не значи дека цела соба треба да ја обоите розово, туку дека не е лошо да додадете некои нежни детали во оваа боја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.