| четврток, 6 декември 2018 |

Давид Темелков два пати и побегнал на смртта – што се случило?

temelkov

Детскиот шарм, доброто срце и секако неверојатниот талент му донесоа на Македонецот Давид Темелков успех и слава на Икс-Фактор, каде секогаш предизвикува восхит и овации и од жирито и од публиката.

Како што пишува 24сата, неговиот живот го промениле два настани кога за влакно и побегнал на смртта. 22-годишниот Македонец за влакно и побегнал на смртта кога вежбал во теретана. На пејачот му паднало стакло на раката, на три милиметри од главниот нерв кој ги поврзува мозокот и раката. Имал среќа што останал жив. Втората несреќа на младиот Давид му се случила неодамна.

– Се возев со такси и имав сообраќајна несреќа. Еден автомобил налета на нас, а возеше со двеста на час. Не се сеќавам ништо, но ми велат дека сум го извлекол и таксистот и себе од такси-возилото кое било во пламен, вели Давид кој заработил потрес на мозокот, но е среќен што останал жив.

Вели дека животот му се сменил по несреќата и дека сега се научел да ги цени и малите нешта, а Икс-Фактор е едно од најубавите работи кои му се случиле во животот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top