Слатководниот рак , ( кај народот попознат и како Краба ) по се изгледа целосно се врати на живеалиштата во Охридското езеро, пишува „Охрид 1“. Еден ваков рак го привлече вниманието на минувачите кои шетаа по охридскиот кеј, а ракот се движеше по плочникот барајќи начин да се врати во езерото.
Луѓето беа пријателски настроени кон ракот, а некои од нив го фаќаа и се фотографираа со ова малото животинче, кое со децении го немаше во езерото и важеше за загрозен вид, а последниве месеци во јавнсота стигнуваат се повеќе фотографии како доказ дека ракот е присутен во живеалиштата низ целото езеро.
Најчестиот коментар на сите минувачи беше дека ако во езерото има рак, тоа значи дека тоа е чисто како солза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.