| четврток, 6 декември 2018 |

Турската прокурдска партија ја повика Германија да посредува во решавање на конфликтот меѓу Анкара и Курдите

Kurdish-Islamic State conflict KobaneТурската прокурдска Демократска партија на народите (ДПН) ја повика Германија да посредува во решавањето на конфликтот меѓу турската Влада и Курдите, јави ДПА.

– Доколку судирите меѓу Курдите и силите за безбедност се зголемат, тоа може да предизвика масовно бегство од Турција кон Европа, изјави денеска лидерит на ДПН Селахатин Демирташ во Хамбург.

– Имаме потреба од помош од Германија во решавањето на курдското прашање, изјави тој и додаде дека таквата поддршка подразбира закажување на евентуални преговори меѓу турската држава и забранетата Курдска работничка партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top