| четврток, 6 декември 2018 |

Секое 40-то новороденче во Чешка е странец

Baby-3
Секое 40-то дете кое во Чешка се родило во последните десет години немало чешко државјанство, информира Министерството за внатрешни работи.

Информациите покажуваат, дека од 2004 до минатата година во Чешка се родени 28.550 странски државјани, а нивниот број постојано се зголемува.

Додека пред 10 години бројот на потомци на странци биле 1,4 проценти од вкупниот број на новороденчиња, лани тој дел е над три проценти, јави дописникот на МИА од Прага.

Новороденото дете добива чешко државјанство автоматски ако едниот од неговите родители е Чех.

Доколку мајката и таткото се странци, мораат до 60 дена од раѓањето на бебето до надлежните да побараат дозвола за престој, која ќе биде издадена до периодот за кој имаат одобрение неговите старатели.

Највеќе деца се раѓаат во виетнамските семејства кои живеат во Чешка.

Минатата година на свет дошле 996 виетнамски деца, а од 2014 година се родени вкупно 9.000, односно речиси третина од вкупниот број на сите странски новороденчиња за последните десет години.

Потоа следуваат 846 украински деца, 530 словачки, 202 руски и 60 деца од родители со кинеско државјанство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top