| четврток, 6 декември 2018 |

Енрике: Да живее Каталонија

Luis-Enrike-Barsa

Тренерот на Барселона Луис Енрике гласаше на регионалните избори и на социјалните мрежи напишал порака „Да живее Каталонија“.

Како што објави шпанска „Марка“ Енрике потоа ја избришал пораката од Твитер.

Двете националистички партии кои се борат за отцепување на Каталонија од Шпанија се обединија на овие избори со надеж дека можат да добијат мнозинство за започнување процес за независност на Каталонија.

Во случај Каталонија да прогласи независност Барселона ќе ја напушти Примера, или ќе настапува како надворешен член со дозвола на федерацијата. Но, властите од Мадрид најавуваат дека со судски процес ќе го блокираат отцепувањето на каталонската провинција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top