| четврток, 6 декември 2018 |

Тоти го очекува едномесечна пауза од фудбалските терени

toti
Легендата на Рома, Франческо Тоти поради повреда на бутниот мускул еден месец нема да може да им помогне на соиграчите, јавија италијанските медиуми.

Капитенот на Рома се повреди на вчерашниот дуел со Карпи што неговата екипа го доби со 5:1. Тој го напушти дуелот по само шест минути игра.

39-годишниот Тоти за Рома дебитира на 16 години. Целата своја кариера ја помина во „римската волчица“. Има освоено една шампионска титула и два куп трофеи на Италија.

Неодамна Тоти го постигна својот 300. гол во дресот на Рома.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top