На петти октомври, на осмиот по ред настан „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“, ќе биде промовирана и англиската верзија на песната „Малечка“, која беше дел од албумот „По тебе“ издаден во 2005 година. Освен англиската верзија, ќе биде промовирана и целосносно нова авторска песна од Тоше на ромски јазик со наслов „Евта пуране иконе“ или во превод седум стари икони.
Целиот настан „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“ е во организација на фан клубот на Тоше од Македонија со подрршка од Фондација „Тоше Проески“. Како што велат од фан клубот, овој настан се одржува по желба на Тоше, бидејќи на својот последен концерт на стадионот во Скопје тој побара од својата публика секој петти октомври да се собираат на хуманиратен концерт.
Тие ги повикикуваат сите оние кои ја сакаат музиката на најпознатиот македонски пејач во понеделник на петти октомври да бидат дел од ѕвезденото небо за Тоше и да ги слушнат „Евта пуране иконе“ и англиската верзија на „Малечка“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст