| четврток, 6 декември 2018 |

Македонските камионџии размислуваат да тужат поради српско – хрватската трговска војна

kamioni-620x320
Македонските превозници претрпеа сериозни штети од царинската војна меѓу Србија и Хрватска поради што размислуваат за поднесување на евентуална колективна тужба. Од здружението на превозници МАКАМ ТРАНС за ТВ АЛФА изјавуваат дека проценка на финансиските загуби допрва треба да се направи, но ја потенцираат и штетата која им е предизвикана на возачите поради долгото стоење во место на меѓуграничниот простор, нервозата, недостатокот на храна и вода и нецивилизраниот однос кон нив од страна на граничните служби на преминот Бајаково – Батровци.

Царинската војна меѓу Србија и Хрватска предизвикана од бегалската криза заврши, а за тоа е најзаслужна ЕУ кој ги притсина владите во Белград и Загреб да изнајдат начин за надминување на несогласувањата. Иако постојат најави и од двете страни дека повторно би можеле да преземат слични мерки, како блокада на товарниот сообраќај, македонскиот министер за економија Беким Незири засега ја исклучува таа можност, но потенцира дека доколку до такво нешто дојде, Македонија има подготвен сопствен план за делување.

Причина за царинската војна беше големиот наплив на бегалци од Блискиот исток кои од Србија влегуваат во Хрватска на пат кон својата финална дестинација – западна Европа. Според последните информации бранот бегалци не само што не запира туку и се зголемува поради што реални се шансите несогласувањата околу нив повторно да предизвикаат тензии меѓу балканските држави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top