| четврток, 6 декември 2018 |

Ивор Мицковски до Шекеринска: Немате кредибилитет да зборувате за реформирање на Јавниот сервис

Ivor-Mickovski-int91-3
Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, пред неколку дена гостуваше во емисијата „24 Анализа“ на 24 Вести. По ова се огласи нејзиниот сопартиец, Ивор Мицковски, кој веќе подолго време ја искажува својата револтираност од функционирањето на опозицијата.
Тој напиша:

-Ја слушам заменичката како на зборови се залага за демократизација во медиумите, за непартиски јавен сервис и се прашувам дали таа припаѓа на истата партија која нарачува и секојдневно спроведува црни кампањи преку партиски создадените квази-медиуми, кои по ништо не се разликуваат од оние на режимот. Па вие за 2 години направивте повеќе штета во медиумите од ДПМНЕ. Вие го продолживте делото, ги хипер-груевизиравте медиумите. И денес имате еден слободен вечер, и купишта вулгарни личности и порталчиња, чија единствена задача е да плукаат и шираат невистини. Немате кредибилитет да зборувате за реформирање на Јавниот сервис, од кој само очекувате сопствен канал, сопствен директор, и наводно сопствена редакција…
ivor

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top