| четврток, 6 декември 2018 |

Дали сте најнеодлучниот хороскопски знак?!

Libra

Хороскопскиот знак Вага може да се опише со овој цитат: „Колку денес е се чудно. А вчера се беше некако обично. Да не сум се сменила преку ноќ? Чекај малку да размислам. Иста сум денес како што бев вчера кога станав? Се некако ми се чини дека сум поинаква. А ако не сум иста, прашање е која сум јас. Леле, тоа е голема загатка“.

Вагата е воздушен знак, со изразен интелект и инвентивен ум.

Во природата и е да инспирира, сака интересни книги и забавни луѓе кои и ја бркаат досадата.

Вагата е фасцинирана од рамнотежата и симетријата. Сакаат да го сочуваат мирот и не поднесуваат неправда.
Но најголемиот проблем на припадниците на овој знак се појавува кога треба да одберат страна.

Понекогаш поминуваат премногу време во запознавање на аргументите на секоја страна, па забораваат дека воопшто имаат свое мислење.

Честопати се неодлучни и не е ретко да видите како некоја Вага полудува кога треба да донесе одлука.

Тоа се должи на фактот што за Вагата најважна е рамнотежата и симетријата, па честопати во донесувањето одлука вагата ги исклучува своето мислење и аргументи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top