| четврток, 6 декември 2018 |

Истражувања на доцноримското термално лекувалиште во струмичко Банско

DIGITAL CAMERA

Почнаа систематски археолошки истражувања на доцноримското термално лекувалиште во струмичкото село Банско, со цел да се обезбедат прецизни сознанија за неговата првобитна намена. Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура и е дел од Програмата за заштита на културното наследство.

Стручни екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј-Струмица претходно извршија расчистување на теренот како подготовка за археолошките истражување на лекувалиштето кое датира од 3-ти и 4 век.

– Во тек се истражувањата на југоисточниот дел од малата бања, каде што со последната истражувачка кампања  е откриен дел од ѕид за кој се претпоставува дека е дел од нова просторија која била во функција на бањата. Со овие истражувања на новата просторија,  археолозите очекуваат да се потврди дека малата бања ги поместува досегашните граници на првичното датирање на лекувалиштето, односно дека тоа започнало да егзистира многу порано, кон крајот на првиот односно на почетокот на вториот век, информира Министерството за култура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top