| четврток, 6 декември 2018 |

Марија Шерифовиќ: Експонирањето на мојата партнерка не би било во ред

hitportal-marija-serifovic

Поп-пејачката Марија Шерифовиќ, откако јавно призна дека е лезбејка, како да симна огромен товар од својот грб. Но, за жал на душогрижниците, Марија изјави дека нема намера јавно да ја презентира својата девојка.
„Експонирањето на мојата партнерка не е во ред. Можам да кажам дека моментално сум среќна, иако дел од таа среќа не е поради емотивна исполнетост“, изјави пејачката.

Таа исто така призна дека немала проблеми по откривањето на својата сексуалност.

„Луѓето едноставно немаат предрасуди за мене, ми се чини дека ме сакаат и почитуваат баш поради тоа што сум, додека пак други токму поради тоа не ме сакаат“, изјави Марија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top