| четврток, 6 декември 2018 |

Чувствувате болка и пецкање при сексуален однос – причини и начин на лекување

oralni-seks-sex-zena-foto-profimedia-1426459693-625915

Болниот сексуален однос може да биде знак за гинеколошки проблем, како на пример, циста на јајник или ендометриоза, но и проблем со сексуалноста – недостиг на желба за однос или изостанок на сексуално возбудување.

Проблемот со сексуалноста може да биде резултат од проблеми во врската, но и последица од некои лекарства (контрацептивни пилули, антидепресиви и аналгетици). Исто така, може да има врска со артритис, шеќерна болест, карцином и пореметена работа на штитната жлезда.

Гинеколошки состојби кои можат да предизвикаат болни односи се:

-Болест на кожата: контактен дерматитис како последица од реакција на некои сапуни, дезинфекциски средства, лубриканти и сл., а како резултат се јавува пецкање и јадеж при контактот. По лекувањето на основната состојба престануваат болните односи.

-Вулводинија: состојба кога болката во вид на пецкање и бодежи се јавува само на влезот во вагината, а не се гледа причината – нема промена на кожата ниту знаци за инфекција, а брисот земен од тој предел е стерилен. Некогаш, во зависност од причината, потребно е лекување па дури и операција.

-Хормонални причини: намалено ниво на естроген во текот на менопаузата и перименопаузата може да доведе до сувост на вагината. Во овие случаи помага локална терапија со хормони или употреба на лубриканти во текот на односот.

-Вагинитис: појава на инфекција на вагината, најчесто предизвикана од габична и бактериска вагиноза. Симптомите се печење, јадеж и болка, а понекогаш и болка при мокрење и односи. Вагинитис се лекува со локално ставање на вагиналети, а во некои случаи и антибиотици.

-Вагинизмус: рефлексна контракција (стискање) на вагиналните мускули. Терапијата опфаќа лекови, вежбање и техники за опуштање.

-Состојба после пораѓање: ако пораѓањето било со потешкотии и дошло до расцеп на ткивото, може да доведе до болки во текот на односот. Се лекува со физикална терапија, лекови или оперативни интервенции.

Извор: нмд.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top