| четврток, 6 декември 2018 |

Честитка од претседателот Иванов по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Macedonia's President Gjorge Ivanov addresses the audience during the Eurasia Economic Summit in Istanbul
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов им го честита Меѓународниот ден на Бошњаците – 28 Септември на припадниците на бошњачката заедница во Република Македонија, со желби за натамошно успешно негување и развивање на бошњачката култура во земјава.

– Спецификите и богатата бошњачка традиција сочувана до денес имаат исклучително значење во негувањето на меѓусебните односи кои се вредно наследство и за идните поколенија. Почитувањето на културните особености и различности ни овозможува подобро меѓусебно разбирање и развој на целокупните општествени односи. Во оваа пригода сакам да ја истакнам личната поддршка во афирмирањето на културните вредности и негувањето на јазикот на припадниците на бошњачката заедница, кои несомнено даваат исклучителен придонес во општествениот живот и во културната разноликост во нашата држава. Почитувајќи ја вашата посебност и лојалност кон државата ви го честитам празникот со желби за благодат и заеднички развој, пишува во честитката на претседателот Иванов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top