| четврток, 6 декември 2018 |

Карачиќ: Во Вардар сме како семејство

Vardar Skopje vs Dinamo Minsk
Централниот бек на Вардар Игор Карачиќ во интервју за веб страната на Европската ракометна федерација (ЕХФ) изјави дека во македонскиот шампион владее тимски дух и целата екипа е како едно семејство.
– Има единство кое е совршено. Тренираме заедно, постојано сме заедно, секогаш има шегување, ние сме едноставно како едно семејство. А тренерот Раул е посебен. Тој е тактичар од врвна класа и тој е заслужен што јас ја кренав мојата игра на уште повисоко ниво. Тој е најдобриот со којшто сум работел, вели Карачиќ.
За денешниот дуел со ПИК Сегед, хрватскиот интернационалец очекува победа во убава атмосфера.
– Арената „Јане Сандански“ е нашиот дом и сите уживаме во атмосферата која ја создаваат нашите навивачи. Сигурен сум дека во Сегед се свесни за тоа и сигурно ќе им биде тешко цел меч, вели Карачиќ.
Натпреварот Вардар – ПИК Сегед од 2.коло во Лигата на шампионите почнува во 17 часот и 30 минути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top