| четврток, 6 декември 2018 |

Околу 3.000 лица евакуирани во Тајван поради тајфун

tajfun

Околу 3.000 лица, претежно туристи, беа евакуирани денеска превентивно од островите во источниот дел на Тајван, поради налетот на тајфунот Дуџуан, кој ја зголемува силата во Тихиот Океан.

Бурата, придружена од ветрови со брзина од 209 км на час, се наоѓа утрово на 350 километри од островот Ишигаки, во најјужниот дел на Јапонија.

Во јужната јапонска префектура Окинава денеска беше објавено предупредување за опасност од бура поради приближување на тајфунот, 21-от што се формира во Тихиот Океан оваа година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top