| четврток, 6 декември 2018 |

Крис Браун и натаму на „црната листа“ поради претепување на Ријана

kris braun

Пејачот Крис Браун веројатно ќе добие виза за Австралија, која е доведена во прашање поради неговиот карактер.

Имено, министерката за жени Микејлија Кеш претходно му препорача на министерот за имиграции на познатиот пејач да не му се одобри виза по повод најавената турнеја, бидејќи во 2009 година е осуден за семејно насилство откако ја претепа својата тогашна девојка Ријана, но оттогаш имаше две турнеи низ Австралија.

Меѓутоа, издадено е и формално соопштение да се разгледа одбивањето на неговата виза, потврди министерот за имиграции Питер Дутон, и Браун сега има 28 денови да вложи жалба и да објасни зошто му е потребно одобрување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top