
Овие седум дреболии, кои не бараат многу труд и напор, ќе ви помогнат вашата врска да трае вечно. Ако сакате врската да потрае или сакате да ја поправите, тогаш вистинско време е за мали промени што се однесуваат на двајцата партнери, а гарантираат здрав однос.
1. Понекогаш треба да го прескокнете последниот, најсладок залак и да му го препуштите на партнерот. Ако знаете дека тој нешто сака премногу, тогаш направете и препуштете му го последниот залак чоколада, торта или некое друго слатко задоволство. Иако можеби не ви се чини како некој голем гест, овој знак на внимание може да значи многу.
2. Препуштете му на партнерот од време на време самиот да избере што ќе јаде, кој филм ќе го гледате или каде ќе одите на годишен одмор. Тоа е уште еден мал гест што открива дека навистина ви е важно неговото мислење.
3. Ако знаете дека неговото семејство доаѓа во посета, а не ги гледате често, ослободете се од обврските и посветете им внимание. Кога се однесувате убаво кон неговото семејство, тоа покажува дека навистина ви е дојдено до него.
4. Сите двојки имаат различни утрински ритуали. Ако сакате да покажете дека навистина ви е дојдено до него, тогаш станете пред него и завршете ги неговите рутини наместо него. Сварете кафе и подгответе појадок, пред тој да стане.
5. Двојките што живеат заедно подолго време имаат веќе одредени домашни задачи. Ако вашиот партнер има работа преку глава, тогаш вие превземете дел од неговите обврски. Вие подгответе ручек, фрлете го ѓубрето или исперете ја облеката. Тоа е дреболија, што нему ќе му значи многу.
6. Никогаш доволно од комплименти. Токму поради тоа, кога ќе забележите нешто на вашиот партнер што ви се допаѓа, изговорете го тоа гласно, за да ве слушне. Пофалете го неговиот изглед, фризура или модната комбинација, истакнете дека сте горди на неговите широки познавања за одредена тематика.
7. Слично како комплиментите, малите изненадувања се повеќе од добредојдени во секоја врска. Без разлика дали се работи за купување на некоја ситница што знаете дека вашиот партнер ја сака, организација на некој излет или подготовка на некоја вечера, секој топол и искрен гест останува запомнет.
Извор: Убавина и здравје
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


