
Крајно време е Советот за безбедност на ОН да се реформира, за да биде одраз на вистинскиот распоред на силите во светот во 21 век, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.
– Нам ни е потребен нов начин на работа, за да се решаваат проблемите, рече Меркел за време на воведното обраќање на состанокот со колегите од Бразил, Индија и Јапонија.
– Мораме да продолжиме многу мудро во пронаоѓање сојузници за да ја постигнеме целта, рече Меркел на самитот на светските лидери за глобален развој, на Генералното собрание на ОН.
Советот за безбедност е најмоќно тело на ОН, кое има 15 членови, од кои пет постојани.
СБ на ОН има можност да издава правно обврзувачки резолуции, да изрекува санкции и да одобрува воени акции за извршување на своите одлуки.
Времените членки ги бира Генералното собрание на двогодишен мандат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


