| четврток, 6 декември 2018 |

Македонецот починат во американскиот затвор имал халуцинации: Ми ги изрендаа рацете со ренде

DEAD-IN-JAIL-558x279

Ми ги изрендаа рацете со ренде. Сите органи ми ги извадија пред два дена во затворов. Живеам само со 10 проценти од срцето – vака им зборувал триесет и двегодишниот Давид Стојчевски на стражарите во затворот во Мичиген, САД, неколку денови пред да почине. Но, неговите халуцинации не биле доволни за вработените да сфатат дека тој всушност е во тешка апстиненцијална криза обидувајќи се да се рехабилитира од зависноста од хероин и анксиозноста. За таа цел, Американецот со македонско потекло, користел метадон препишан на рецепта, кој во затворот стражарите не ни регистрирале дека треба да го добива и затоа воопшто не му бил достапен. Наместо на третман и во детокс келија, последните денови од својот живот, ги поминал во т.н. „келија за превенција од самоубиство“, каде на затворениците не им е дозволено да носат облека поради можноста од неа да изработат предмет со кој ќе си го одземат животот.

Случајот на Стојчевски деновиве е ударна вест во повеќе американски медиуми откако, година и половина по неговата смрт во затворската келија во местото Макомб, семејството се реши да ја покаже пред светот снимката од неговиот престој во затворот. Во март година, Стојчевски се решија и со судски процес против четириесетина вработени во затворот и во придружниот медицински тим, да докажат дека нивниот син и брат всушност починал од негрижа и несоодветен третман. Навидум баналната глоба за несовесно возење од 770 долари, е причината поради која Давид завршил в затвор, но компликациите со неговото здравје во келијата, поради тоа што не ги добивал препишаните лекови го одведоа во смрт.

Во тужбата против затворот на 38 страници, која е долго досие на страдањата на Стојчевски, семејството наведува дека дури и кога Давид прашувал дали ќе ги добие лековите, му било кажувано дека затворот уште не ја завршил нарачката. Семејството бара 375.000 долари отштета, како и поправање на сите неиспочитувани процедури во затворот. Доколку затворот го загуби случајот, тогаш ќе се докаже и дека на Стојчевски не му биле испочитувани уставните права на медицинска грижа и на избегнување на сурова и несоодветна казнаВо сертификатот од болницата во кој се констатира смртта, пишува дека таа е последица на неколкунеделно неземање на медикаментите.

Повеќе на „Плусинфо“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top